Грција ќе ѝ помогне на Бугарија по запирањето на рускиот гас


  Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му ветил на својот бугарски колега Кирил Петков дека Грција ќе ѝ помогне на Бугарија откако Русија ја прекина испораката на гас, објави Ројтерс. Агенцијата додаде дека двајцата разговарале за ова прашање во телефонски разговор претходно денеска, што претходно го спомена бугарскиот премиер. „Премиерот рече дека Грција ќе ѝ помогне …

Грција ќе ѝ помогне на Бугарија по запирањето на рускиот гас Read More »

Минимално покачени цените во хотелите во Грција, цените на пакет аранжманите непроменети


Грција – Покачените цени на бензинот, поскапото секојдневие како на Грците, така и на туристите кои ја посетуваат Грција, но и војната во Украина, се главните фактори што ќе имаат влијание врз грчкиот туризам, иако земјата очекува добра туристичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина. Годинава за Велигден е првпат од 2019 година кога …

Минимално покачени цените во хотелите во Грција, цените на пакет аранжманите непроменети Read More »

Над половина милион Грци ќе добијат повисока минимална плата за 50 евра, сега ќе изнесува 713 евра


Атина, 20 април 2022 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиска порака до граѓаните, вечерва соопшти дека минималната плата во Грција ќе се зголеми за 50 евра, односно од 663, од следниот месец, ќе изнесува 713 евра и се однесува на над половина милион граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека …

Над половина милион Грци ќе добијат повисока минимална плата за 50 евра, сега ќе изнесува 713 евра Read More »

Плеврис: Влегуваме во фаза на соживот со вирусот


Грција – Веќе влегуваме во фаза на соживот со вирусот, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис на денешната прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, додавајќи дека тие не веруваат во логиката и политиката „zero covid“, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека „по две години пандемија, веќе се наоѓаме …

Плеврис: Влегуваме во фаза на соживот со вирусот Read More »

Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај


До 1 мај се продолжени актуелните правила и предуслови за патување во Грција, односно и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, мерки што важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за …

Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај Read More »

Се укинува месечната казна од 100 евра за невакцинираните Грци над 60-годишна возраст


Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа дека привремено се укинува конкретната одлука на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција …

Се укинува месечната казна од 100 евра за невакцинираните Грци над 60-годишна возраст Read More »

Велигден во Грција со непроменети мерки


Грција – Велигден ќе го славиме со постоечките мерки, внимателно и со маски во затворените простори, истакна алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Гага вели дека „по две години здравствени, социјални и економски притисоци, сите имаме потреба да се опуштиме“, …

Велигден во Грција со непроменети мерки Read More »

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука


 Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево …

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука Read More »

Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации


Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород, …

Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации Read More »

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


 Актуелните правила и предусловите за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19, како и мерките во внатрешноста на земјата се непроменети и продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на …

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица Read More »

Зеленски денеска ќе се обрати во грчкиот Парламент


Во присуство на владејачката и неколку, но не и сите опозициски партии, претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска ќе има говор во грчкиот Парламент, преку видеоконференција, откако доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На специјалната седница во Парламентот, според најавите, присутни ќе бидат лидерите и пратениците …

Зеленски денеска ќе се обрати во грчкиот Парламент Read More »

Грција протерува 12 руски дипломати


Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила. Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина. ЕУ и нејзините сојузници претходно …

Грција протерува 12 руски дипломати Read More »

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години


Грција – За граѓаните над 60-годишна возраст во Грција, особено за оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, комисијата за имунизација препорачува да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата, соопшти попладнево претседателката на комисијата Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Теодориду објасни дека врз основа …

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години Read More »

Грција предвремено го отплати долгот кон ММФ


Грција предвремено го отплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, по финансиската помош побарана пред 12 години, а грчкиот премиер и министерот за финансии коментираа дека се затвора едно поглавје што беше отворено во мај 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. – Крај на ерата на ММФ како кредитор на Грција, напиша грчкиот премиер …

Грција предвремено го отплати долгот кон ММФ Read More »

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција


Времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, од утре се продолжува на девет односно шест месеци, согласно новата министерска одлука, поврзана со мерките во внатрешноста на земјата, што веќе е објавена во Службен весник, а утре стапува во сила, јави дописничката на МИА од Атина. …

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција Read More »

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата …

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица Read More »

Цените значително пораснаа – на што треба да сте спремни ако летувате во Грција


Сите кои планираат и оваа година да летуваат во Грција уште сега се интересираат околу тоа дали моменталната криза ќе влијае на цените во оваа земја. Ана Пантос од Атина откри за домашните медиуми дека цените на намирниците и на бензинот драстично пораснале. Ана смета дека војната во Украина уште не влијаела на цените за …

Цените значително пораснаа – на што треба да сте спремни ако летувате во Грција Read More »

Можно е Грција да го продолжи времетраењето на сертификатите согласно препораките од ЕУ


Веројатно е времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, да се усогласи со времетраењето на европските сертификати, по препораката од Европската комисија до членките на ЕУ, најави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија …

Можно е Грција да го продолжи времетраењето на сертификатите согласно препораките од ЕУ Read More »

Отворена можноста Грција на есен да воведе четврта доза од вакцината


Грција – Мислам дека повеќето од нас сметаме дека на есен ќе биде потребна една повторна доза, истакна професорката епидемиолог Вана Пепаевангелу на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, во однос  на тоа дали за општото население ќе биде потребна и четврта доза, јави дописничката на МИА од Атина. Професорката, која е и …

Отворена можноста Грција на есен да воведе четврта доза од вакцината Read More »

Во Грција активни околу 176.000 случаи на Ковид-19


Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Грција е околу 176.000 и бележи зголемување во споредба со пред две седмици, според податоците што попладнево на редовната прес конференција во Министерството за здравство ги соопшти професорката епидемиолог Вана Пепаевангелу, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемување има и на дневниот број новозаразени, во просек по 21.000, …

Во Грција активни околу 176.000 случаи на Ковид-19 Read More »