Тачи: Нема дијалог со Белград без САД


Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави во Берлин, каде се одржува неформалниот собир на лидерите на т.н. „Западнобалканска шесторка“, дека дијалог со Белград нема да има без САД.

-Без САД нема дијалог и преговори. Косово е независна и суверена држава, изјави Тачи за приштинските медиуми пред конференцијата во Берлин, објави Газета Експрес.

Весникот заклучува дека со таа изјава Тачи практично ги навредил домаќините на денешната средба, двете европски сили, Германија и Франција, што го иницираа состанокот.

Тачи и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рекоа дека немаат информации за каков било нацрт-договор што би бил постигнат во Берлин.