Тачи му испрати телеграма со честитки на Пендаровски


Косово- Косовскиот претседател Хашим Тачи му испрати телеграма со честитки на новоизбраниот претседател на Република Северна Мкаедонија, Стево Пендаровски.

Во телеграмата на Тачи, која ја објави неговиот кабинет, се наведува дека „Република Косово и Република Северна Македонија имаат срдечни врски и цврсти темели, кои се потпираат на заедничката желба за развој на меѓусебната соработка на сите полиња“.

Тачи им честита и на албанските политички субјекти во Република Северна Македонија, затоа што, како што наведува, „ја потврдија својата конструктивност, со тоа што повикаа на масовна излезност во овој изборен процес“.