Тачи му го честита на Џонсон изборот за премиер на Велика Британија


Косовскиот претседател Хашим Тачи му го честиташе денеска на лидерот на британските конзервативци Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија.

Тачи на својата страница на Фејсбук, покрај слика со Џонсон, порача дека Велика Британија е стратешки партнер, а пријателството на Косово со таа земја е вечно.

– Борис Џонсон е избран денеска за лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Велика Британија. Во име на косовскиот народ му честитам на мојот пријател Џонсон и на британскиот народ и очекувам продолжување на продлабочувањето на соработката меѓу нашите две земји. Велика Британија е стратешки партнер, а нашето пријателство е вечно, напиша Тачи.