Тачи ја сакал финансиската полиција од колачот за власта?

Лидерот на ДПА Мендух Тачи од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побарал позиција во Финансиската полиција за да влезе во владата. Веста ја објави албанскиот портал „Газета Експрес“ кој објаснува дека Тачи сакал да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар.

Инаку, пред изборите лидерот на ДПА ја обвини Алтернатива на Африм Гаши дека се финансира со пари од Блискиот Исток.

Инаку, од СДСМ најавија дека новата влада ќе има помалку министри така што пазарот ќе се сведе и на други нивоа на власта. Неофицијално, од Беса ги побарале министерството за култура, за економија или за локална самоуправа.