Tрамп: Сто проценти го поддржувам НАТО

САД- Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го поддржува „НАТО 100 отсто“, но повтори дека земјите членки треба да ги зголемат своите воени трошоци.

– Ќе бидеме со НАТО 100 проценти, но како што кажав земјите (членки) треба да платат, изјави Трамп со Пентагон во говорот за новата американска стратегија за противракетна одбрана.

Неговата изјава уследи откако повторно се појавија сомнежите за американскиот ангажман во Алијансата.

– Не може да бидеме поглупи од другите. Тоа не е возможно. Не сакаме да гледаат така на нас, а верувајте ми, во текот на годините, тоа ни зборуваат зад грб, посочи Трамп.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ на почетокот од неделата повикувајќи се на неименувани високи претставници објави дека Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведе дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.