Tрамп годинава собра 10 милиони долари за кампања за реизбор

Американскиот претседател Доналд Трамп во првиот квартал од оваа година собра 10 милиони долари за кампања за реизбор, соопшти неговиот изборен штаб.

Кампањата за Трамп досега собра 28 милиони долари и тој одлучи, за разлика од поранешните претседатели на САД, да почне да собира пари за кампања за реизбор веќе во почетокот на првиот мандат. Неговите претходници обично тоа го почнувале во втората година од мандатот.

Според американски меидуми, дел од парите може да биде искористен за да им помогне на републиканците во Конгресот во изборите во ноември.

Трамп, уште првиот ден откако стана претседател поднесе барање за реизбор што е необично за актуелен претседател.