СЗО: Загрижува епидемиолошката ситуација на Балканот

Фото: Б. Грданоски

Ирска– Епидемиолошката ситуација и трендови во јужниот дел на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денеска началникот на секторот за вонредни ситуации при Светска здравствена организација, Мајкл Рајан.

– Иако западноевропските држави успеаја да ја стават епидемијата под контрола, загрижувачки се трендовите што се појавија во Јужна Европа и на Балканот. Се уште не сме ја напуштиле зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката ситуација бара да продолжиме да бидеме внимателни, истакна Рајан.

Тој додаде дека нема сомнеж оти жариштето на пандемијата е во Северна и во Јужна Америка, но оти се интензивира ширењето на вирусот во Африка.