СЗО: Употребата на непроверени лекови против Ковид- 19 е опасно

Светската здравствена организација денеска предупреди дека употребата на непроверени лекови за лекување на Ковид-19 без надлежни докази за нивната ефикасност може да биде опасно и да ги зголеми  лажните очекувања.

-Употребата на непроверени лекови  без претходни докази може да доведе до лажна надеж и дури да предизвика повеќе штета отколку корист. Тоа може да доведе и до недостиг на основните лекови, неопходни за лекување на други заболувања, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на онлајн  брифинг.