СЗО повторува: Не носете маски ако не сте заразени


Фото: Б. Грданоски

Светската здравствена организација СЗО, им препорачува на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со корона вирусот или се грижат за некој што е болен.

Дирекоторот на СЗО за вонредни состојби Мајкл Рајан за Си-ен-ен изјави дека носењето маски за лице во случај на неправилно користење, може да нанесе поголема штета отколку корист во борбата против корона вирусот. Рајан потворти дека СЗО верува оти маски треба да носат само луѓето кои се болни за да не го шират корона вирусот и здравствените работниви на кои маските им се неопходни.

„Нема конкретен доказ кој укажува дека масовното носење маски носи каква и да е корист, всушност, постојат одредени докази кои го наговестуваат спротивното“, вели Рајан.

Освен тоа,додава дека постои и глобален проблем од недостаток на маски и други медицински средства.

„Луѓето кои најмногу се изложени на ризик се здравствените работници. тие се изложени на вирусот секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е ужасна“, вели тој.

Епидемиологот Марија Ван Керхове исто така, вели дека е важно приоритет за користење маски да им се даде на оние на кои им е најнеопходно, односно на здравствените работници.

„Во заедницата не препорачуваме да се носат маски, освен ако сами не сте болни, како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот. Маски препорачуваме за луѓето кои се болни, како и за нивните домашни кои се грижат за нив“, вели Керхове.