СЗО: Организацијата на безбедни Олимписки игри во Токио нема да биде лесна задача

Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека организирањето на безбедни Олимписки игри во Токио следната година нема да биде лесна задача.

Тој на заедничка прес-конференција со претставниците на Меѓународен олимписки комитет повика на единство и меѓународна солидарност.

– Нема да биде лесно, но се е во наши раце. Ако работиме најдобро што знаеме, посебно со национално единство и меѓународна солидарност, мислам дека е можно, посочи Гебрејесус.

Отворањето на летните Олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од повеќе од 200 држави, закажано е за 23 јули 2021 година.