СЗО обвинета за конспирација со Италија за отстранување извештај за Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) е обвинета дека е дел од заговор со италијанското Министерство за здравство за отстранување извештај што открива лошо управување на државата на почетокот на пандемијата на коронавирусот, објави „Гардијан“.

Италија беше првата европска земја чие население беше на масовен удар на пандемијата.

Извештајот на СЗО, научникот Франческо Замбон и десет колеги од Европа го платила владата на Кувајт со цел да им обезбеди извештаи за тоа кои други земји ќе бидат сериозно погодени од вирусот, наведува весникот.

Извештајот на СЗО со наслов „Првиот одговор на Италија на Ковид-19“, што се појави на нивната веб-страница на 13 мај, беше отстранет следниот ден, а за првпат беше објавен во весникот во август.

Во соопштението на 102 страници се вели дека италијанскиот план за пандемија не е ажуриран од 2006 година, па поради неподготвеност, првиот одговор на здравствената служба на нападот со вирусот корона беше импровизиран и хаотичен. Беше објавено дека е потребно време формалниот водич  за пандемијата да биде достапен.

Документот на СЗО наводно бил отстранет на барање на Раниери Гуера, помошник на генералниот директор за стратешки иницијативи при СЗО. Гуера беше директор за превенција на болести во рамките на италијанското Министерство за здравство помеѓу 2014 и 2017 година и беше одговорен за ажурирање на планот за пандемија според новите упатства на СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.