СЗО: Нема докази дека мутираниот вид на корона вирусот ја зголемува тежината на болеста


Светската здравствена организација денеска соопшти дека нема докази дека мутираниот вид на корона вирусот ја зголемува тежината на болеста, иако е позаразен.

Експертите наведуваат и дека очекуваат повеќе детали за потенцијалното влијание на новата варијанта.

Марија ван Керкове, техничка директорка на СЗО за Ковид-19, рече дека научниците ја анализираат реакцијата на антителата на вирусот.