СЗО: Не предвидуваме дека некоја земја ќе има задолжителна вакцинација против корона вирус


Светската здравствена организација не предвидува дека земјите ќе воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, изјави денеска претставничката на СЗО Кејт О’Брајан.

– Мислам дека ниту една земја нема да има задолжителна вакцинација, рече О’Брајан, директорка на СЗО за вакцини и биолошки производи.

– Можеби има некои земји или некои ситуации во земји каде професионалните околности го бараат тоа или силно се препорачува вакцинација, рече таа, истакнувајќи дека болниците може да бидат еден таков пример.