СЗО: Изминатата седмица со најголем број новозаразени со корона вирус во светот

Во текот на изминатата недела во светот се регистрирани 21 милион нови случаи на заразени со корона вирус – најголем неделен број новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Според соопштението, бројот на смртни случаи остана главно непроменет – повеќе од 50.000.
Во својата неделна проценка на пандемијата, СЗО наведе дека бројот на новозаразени со корона вирусот е зголемен за пет проценти, но дека стапката на раст исто така се чини дека забавува.
СЗО наведува дека најголем пораст на случаи на корона вирус е забележан на Блискиот Исток, со пораст од 39 отсто, по што следи скок од 36 отсто во Југоисточна Азија. Исто така, бројот на смртни случаи се зголемил во Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Јужна и Северна Америка, но се намалил во другите региони.