Swatch групацијата се разделува од Calvin Klein watches and jewelry по 22 години успешна соработка


Швајцарија– После 22 години успешна соработка Swatch групацијата не го продолжи договорот со американскиот бренд Calvin Klein за производство на линијата на часовници и накит. Преломната точка за ваквиот чекор е разидувањето во однос на визијата каде треба да се движи CK во однос на креирањето на новите лини, но и финансиските резултати на брендот, со оглед на тоа дека целата индустирја на часовници е под притисок на растечкиот бизнис со паметни часовници, но и на евтините часовници произведени вo Кина.
На Swatch групацијата инаку произведувач и на престижните Omega часовници преку својата долгорочна стратегија од особена важност и е да се задржат високите критериуми и квалитет на производството на часовници и покрај притисокот од евтините кинески брендирани часовници и растечкиот пазар на паметни часовници. Од друга страна со цел раст на продажбата и намалување на цените во однос на крајниот квалитет раководството на Calvin Klein се препушта на притисокот прифаќајќи го патот на останатите модни брендови од тој ранг, часовниците и накитот да се произведуваат во Кина, а не во Швајцарија – нешто по CK се издвојуваше од сите останати брендови.