Свршеницата на Борис Џонсон има симптоми на Ковид-19

Англија– Бремената свршеница на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симондс имала симптоми на коронавирусот и изминатите седум дена ги поминала во самоизолација но сè уште не се тестирала.

– Последната недела ја поминав во кревет со главните симптоми на коронавирусот. Не беше потребно да се тестирам. После седум дена, се чувствувам посилно, закрепнувам, напиша Симондс на Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон беше тестиран позитивен и е во самоизолација, одвоено од неговата свршеница. Иако се чувствува подобро, како што и самиот рече во видео порака, ќе остане во карантин затоа што сè уште има температура, што е еден од главните симптоми на Ковид-19.