Свлечиште на улица во Штип прави проблеми на станарите


Подолг период атмосферската канализација која некотролирано тече по улица во Штип, предизвикува големи штети во подрумите на околните згради, но повлекува и свлечиште на земјиштето.

„Минатиот месец двапати во неделата и целата вода право по подрумите, ние сме веќе во години и цело време имаме проблеми во подрумите“, вели еден жител кој живее таму. „Сега нема каде да се влева водата и директно влегува во нашите подруми. Природно си имаше каде да се слева водата, но сега е израмнета земјата“, велат анкетираните жители за штипската телевизија Стар.

Жителите од оваа зграда се очајни зошто неколкупати реагирале до надлежните барајќи овој проблем конечно да се реши.
Доколку проблемот не се реши со оглед на неговата тежина тие размислуваат и на организирана форма на граѓанско делување.

„Треба да се направи, да се реши овој проблем, да се стават некои цевки, да има каде да оди таа вода. Ако треба ќе направеме петиција цела зграда овај проблем треба да се реши“, велат граѓаните.

Од надлежното јавно претпријатие „Стипион“ за телевизијата Стар велт дека запознати се со проблемот и дека ќе пристапат кон негово решение.

„Запознати сме проблемот. Од утре стартуваме со негово решавање. Ќе поставиме канал за слевање на атмосферската вода. Со тоа ќе се избегне досегашното поплавување на подрумите. Што се однесува до свлечиштето, ќе изготвиме во најкраток временски период соодветен план за негово санирање“, изјавија надлежните од ЈП „Стипион“.