Свитолина ја шокираше Швјонтек и обезбеди полуфинале на Вимблдон
Лондон– Ига Швјонтек нема да може да се бори за нова грен-слем титула, бидејќи денеска беше изненадена од Елина Свитолина во четвртфиналето на Вимблдон.
Украинката настапува со валјд-карта, но ја продолжи одличната серија на турнирот и против светскиот рекет број еден, приближувајќи се на уште еден чекор до посакуваниот трофеј.
Свитолина го доби првиот сет со 7:5 и го најави изненадувањето, но мораше да игра трет сет, бидејќи во вториот се играше тај-брејк и тој и припадна на ривалката од Полска.
Сепак, Украинката беше убедлива во последниот сет кој го доби со 6:2 и обезбеди место во полуфиналето.
Таму ривалка ќе и биде Маркета Вондрушова од Чешка.