Свиркачот на „Боинг“ пронајден мртов од „самонанесени“ повреди


Поранешниот вработен во „Боинг“, Џон Барнет, познат по тоа што ја зголеми загриженоста на јавноста за стандардите за производство на компанијата, е пронајден мртов во САД.

Работел за „Боинг“ 32 години, до пензионирањето во 2017 година. Деновите пред смртта дал докази во тужбата што ја поднел против компанијата.

Судскиот лекар од округот Чарлстон потврди дека 62-годишникот починал од „самонанесена“ повреда на 9 март, што полицијата дополнително ја истражува.

Од „Боинг“ изјавија дека се тажни поради смртта на Барнет.

Инаку, Барнет упати обвинувања кон компанијата во кои вели дека работниците се под притисок бидејќи намерно морале да произведуваат нестандардни делови за авиони. Наводно, работниците не ги следеле процедурите наменети за следење на компонентите низ фабриката, дозволувајќи производство на супстандардни компоненти.

Барнет изрази загриженост дека тоа може да се случувало порано кога тој работел за „Боинг“ во Јужна Каролина. Тој тогаш рече дека напорот за изградба на нов авион значи и забрзување на процесот на склопување, што според него ја загрозува безбедноста.