Светски експерти ќе бидат говорници на првиот меѓународен самит за вештачка интелигенција во Скопје


Од 29-ти до 30-ти септември годинава во Скопје прв пат ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. Темата на самитот е истражувањето на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии.

Светски реномирани експерти за вештачка интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и други, ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.

Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото, се вели во соопштението во врска со одржувањето на Санитот.

„AI Tech Summit“ e во организација на TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции. Заинтересираните повеќе информации ќе најдат на веб-страницата www.techsummit.ai.