Светски ден на бубрегот 2026: „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’


 Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’.

На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски; директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за нефрологија, Никола Ѓеорѓиевски, претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски и претседателот на Здружение НЕФРОН, Душко Ѓоргиев. 

На настанот е предвидена интерактивна дискусија посветена на бубрежните болести (превенција, раното откривање, третман) и предизвиците со кои се соочуваат бубрежно болните лица, на која, како што е најавено, учество ќе земат членови на Здружението Нефрон, пациенти на дијализа, лица со трансплантиран бубрег, донори на органи како и претставници од здравствени институции, медицински компании, Националниот координатор за трансплантација и дијализни центри. 

Целта е преку заедничка дискусија да се унапреди грижата и третманот на бубрежно болните лица во Македонија.