Светска банка со извештај за Западен Балкан


Предвидениот раст на БДП за земјава годинава е минус 0,4 отсто, а за наредната 3,7 и во 2022 година 3,6 отсто

Полугодишниот економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан ќе биде презентиран денеска во Скопје.

Ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан  – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија.

Извештајот ќе го претстават Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист и Бојан Шимбов, економист во Светска банка.