Светот се сеќава на Џон Ленон


„Како да се разбудив од сон и од тогаш како да не бев дете повеќе“. Со овие зборови Шон Ленон опиша како се чувствувал кога слушнал дека е убиен неговиот татко Џон Ленон. Тоа се случи пред точно 40 години

Многу работи во елегантниот станбен комплекс Дакота во Менхетн, Њујорк сè уште потсетуваат на Џон Ленон: фотографиите од членот на Битлси се наоѓаат во продавниците и рестораните, а неговата вдовица Јоко Оно, која сè уште живее во Дакота, направи спомен-обележје „Полиња со јагоди“ во блискиот Централ парк со мозаик на кој пишува „Замисли“.
Ленон со Битлси ја испиша историјата, но тој беше успешен и без нив. Пред точно 40 години, тој беше убиен во Њујорк. Убиецот и денес е во затвор, а целиот свет се сеќава на Ленон.

„Се разбудив и повеќе како да не бев дете“ 

Во вторникот, на 8 декември 1980 година, Ленон беше застрелан од Марк Дејвид Чепмен од Тексас, кој тогаш имаше 25 години. Тој најпрво околу пет часот попладне, кога излегувал од зградата, го замолил Ленон да го потпише неговиот ново издаден албум „Двојна фантазија“ (Double Fantasy). И кога Ленон, по неколку часа, се враќал дома на западната страна од Централ парк, Чепмен пукал и го погодил четири пати. „Погоден сум“ – се наводно последните зборови на Ленон. Кога бил пренесен во болница тој веќе бил мртов. Чепмен останал да седи пред Дакота сè додека полицијата не го уапсила. Додека чекал, го читал познатиот роман на Селинџер „Ловец во ‘ржта“.

Линк до целиот текст на Дојче веле тука