Свето Јаневски ја затвора пиварницата во Белград


Се затвора белградската пиварница БИП, сопственост на македонски менаџер Светозар Јаневски, при што поделени се 150 откази изутринава, пренесува „Б92“.
Информациите од Србија се дека БИП најверојатно ќе биде затворен многу брзо, а сѐ уште е неизвесно што ќе биде со останатите работници.
– Тука има тотален хаос, луѓето се отпуштени … не знаат што ќе се случува со другите, има состаноци и треба да се реши ова. Никој не знае што ќе биде – велат вработени од компанијата.
БИП засега нема да биде згаснат. Работниците се на одмор до 16 јули, а во наредниот период со пиварницата ќе раководи стечаен управник.
Секако, ќе се бара стратешки партнер, затоа што летната сезона е во ек.
Како што потврдуваат за Б92 од компанијата M6 EDEN SRB, тие одлучиле да го прекинат договорот за бизнис соработка со БИП во стечај.

„Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме пред две години во обнова. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која 180 години е симбол на Белград. За жал, без оглед на големите месечни вложувања, посветеност и ентузијазам, не успеавме, затоа што со овој концепт нема можност за успех.  Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба квалитетно пиво. продолжиме во друга насока со поинаков концепт. Можен е почеток на вложување во иднината со нови проекти во Србија“, изјавија од M6 EDEN SRB.
Потврдуваат дека од 1 јули почнал процес на подмирување на обврските кон вработените и сите доверители.
„Во моментот 125 вработени се на одмор до 16 јули, кога очекуваме продолжување на производството. БИП ќе биде во стечај. Имаме информации дека нема да има отпуштања, туку ќе се бара нов закупец. Слушнавме дека има три заинтересирани фирми, една позната по производство на месо, друга од Крагуевац и една од Апатин“, вели еден од работниците кој не сака да се открива неговиот идентитет.
Светозар Јаневски го купи БИП кога беше во стечај во 2017 година.