Светлосниот „React/or“ ги потсети скопјани на стариот сјај на Пошта (ВИДЕО)
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/12/Posta-izgorenata-salterska-zgrada-10-bg_resize.jpg)
Изминатиот викенд заврши светлосната инсталација “React/or”, која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта.
Инсталацијата е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект, во соработка со Младински културен центар – МКЦ, Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија”.