Светлана Мојсов – непризнатиот научник кој стои зад револуционерното откритие за лекување дијабетес


Светлана Мојсов, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е добитничка на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година, соопшти Универзитетот Рокфелер.

Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Мојсов, научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликувана на церемонијата во кампусот на 17 април. Наградата ќе ѝ биде врачена од писателката и натуралист Дајан Акерман, авторка на неколку бестселери на Њујорк Тајмс, меѓу кои и The Zookeeper’s Wife.

Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (GLP-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени GLP-1 агонисти кои ја трансформираа клиничката грижа за дијабетес и дебелина. Примери за оваа класа на лекови вклучуваат Оземпик, Виктоза и Вегови.

Светлана Мојсов е ќерка на македонскиот државник и дипломат Лазар Мојсов, а започна да го истражува за дијабетесот во Универзитетот Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.

За Мојсов пишува и Science.org, на 8 септември лани, дека ќе ја добие и канадската Меѓународна награда Canada Gairdner, престижна награда за биомедицинско истражување, која „ќе им биде доделена на тројца научници за работата на лековите за дијабетес и дебелина кои добија на популарност во последниве години“.

Борбата на Светлана за признание

Освртот во ова престижно научно списание, кој можеби случајно е објавен на Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, лани, ја објаснува нејзината животна приказна, со акцент на тоа дека таа не се експонира и дека други научници и нејзини соработници иле вреднувани, често и за откритија кои таа самата ги направила.

Се појаснува дека во 1972 година таа пристигнала во САД на дипломската програма на Рокфелер од Белград, тогашна Југославија, каде што дипломирала хемија.

Таа, сега во нејзините 70-ти годин, се сеќава на нејзината соба за самци во студентскиот дом на Рокфелер за која сметала дека е луксузна. „Гледам кон градината, таа е зелена, многу убава“, вели Мојсов.

Светлана Мојсов, се додава во science.org, гледала како други научници добиваат признанија за работата за која таа придонела, односно за труд во кој се појаснувало што довело до развој на агонисти на пептид-1 слични на глукагон.

Наградата „Гарднер“ третпат во последните четири години го препознава истото трио научници – Џоел Хабенер во Општата болница во Масачусетс (MGH), Даниел Дракер на Универзитетот во Торонто и Јенс Јул Холст на Универзитетот во Копенхаген за работата што ја започнале во 1970-тите и 80-тите години на пептиди слични на глукагон.

Тоа истражување го идентификуваше пептидот-1 сличен на глукагон (GLP-1) како хормон кој се излачува од ткивото на цревата што предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот. Лековите кои имитираат GLP-1, наречени агонисти на GLP-1, подоцна ќе станат блокбастери, собирајќи милијарди долари и трансформирајќи го третманот за дијабетес и за дебелина. Тие се единствени кои, се чини, дека безбедно и постојано предизвикуваат значително губење на тежината, а лани во август беше објавено и дека ги спречуваат срцевите заболувања поврзани со дебелината. Милиони луѓе ги земаат, а се шпекулира дека се можни добитници на Нобелова награда.

„Но, на овој оптимистички наратив на научното откритие му недостасува еден важен дел: самата Мојсов. Таа, исто така, беше во MGH во 1980-тите и објави рани клучни трудови за GLP-1. Подоцна успешно се бореше да биде додадена на клучните патенти кои првично ја испуштија како со-пронаоѓач. А сепак, кариерата на Мојсов следеше поинаков тек од оние на тројцата мажи. Таа никогаш не водела сопствена лабораторија и не обезбедила големо, постојано финансирање. Таа објавува многу поретко. Мажена за имунолог, таа го избегнува самостојното стремење кон сопственото истражување во корист на рамнотежа, често помагајќи им на помладите колеги да ја унапредат својата работа, а самата да остане надвор од научното внимание. Тие нејзини избори можеби имаат цена“, пишува science.org.

Списанијата прават корекции на нивните текстови

„Помеѓу овие тројца господа и Светлана се повлекува полна линија кога сигурно се чини дека има многу преклопувања“ во нивните рани откритија, вели Ричард ДиМарчи, хемичар за пептиди од Универзитетот во Индијана, Блумингтон, кој помогнал во развојот на лекови за дијабетес.

Постојано опишанa од пријателите како „несамопромотор“, Мојсов сега се бори да ja измени сликата за себе, повикана од некои поддржувачи. Една пријателка хемичар поднесе барање за корекција до Њујорк Тајмс, откако во долгиот дел од истражувањето на GLP-1 не била спомената. Таа ѝ се обрати на Nature за да протестира против нејзиното пропуштање од статија во јануари и вели дека списанието ќе објави корекција. Друга корекција се појави во Cell откако таа упати приговор за есејот од 2021 година за GLP-1, што исто така, неа ја изостави.

Приказната на Мојсов покренува трнливи прашања за научниот потфат, вклучително и како се распределуваат признанијата и како се донесуваат одлуките за доделување некаква награда. Неколкумина кои се занимаваат во областа за спречување на дебелината и дијабетесот – вклучително и оние што се прославуваат за GLP-1 – изразуваат вознемиреност поради нејзиното речиси целосно отсуство од наративот. Но, малкумина се јавија да се заложат за нејзиното место во таа приказна.

„Мислам дека е прашање на интегритет“ луѓето да зборуваат, вели Мојсов, која сега има 70-ти години. „Сè уште не разбирам како бев исклучен“.

Мојсов беше повикана во лабораторијата на Брус Мерифилд, познат хемичар кој подоцна ја доби Нобеловата награда за неговиот ефикасен метод за синтеза на делови од протеин наречени пептиди. Во лабораторијата на Мерифилд таа се фокусираше на глукагон, хормон ослободен од панкреасот кој делува како проверка на инсулинот. Додека инсулинот ја намалува гликозата во крвта, глукагонот ја зголемува, а научниците мислеа дека сузбивањето на глукагон може да помогне во лекувањето на дијабетес тип 2. Тестирањето на таа идеја бараше стабилно снабдување со глукагон, а многумина се мачеа да го синтетизираат со пионерскиот метод на Мерифилд.

„Луѓето велеа дека тоа не може да се направи“, вели хемичарот Џорџ Барани, кој исто така бил во лабораторијата на Мерифилд, а сега е на Универзитетот во Минесота. „Светлана успеа да го проработи“.

Барани и Мојсов делеле канцеларија и се пријатели 50 години. „Таа е толку љубезна, скромна и љубопитна“, вели Барани. Тој ѝ помагал на Мојсов со нејзиниот англиски јазик додека ја пишувала својата дисертација и тие двајца стекнале научна „довербе“, меѓу себе. И двајцата сакале опера и балет и понекогаш налетувале еден на друг на претстави.

За време на постдипломските студии, Мојсов го запознала и нејзиниот иден сопруг, имунологот Мишел Нусенцвајг, кој од медицинското училиште на Универзитетот во Њујорк, каде докторирал влегов во програмата на Рокфелер.

Помагајќи му додека истражувал, Мојсов ја совладала синтезата на глукагон и останала во лабораторијата на Мерифилд како постдокторка за да ги усоврши своите техники.

Во раните 1980-ти, на Нусенцвајг му била понудена медицинска резиденција во МГХ, а Мојсов го следала и била беше регрутирана да се приклучи на тамошната ендокрина единица како инструктор. Станала шеф на нов објект кој ќе синтетизира пептиди за научниците од единицата.

„Извршувањето на овие нарачки „навистина не беше работа која одземаше многу време“, вели Мојсов, што ѝ дозволувало да продолжи со сопственото истражување.

Таа добила една лабораториска клупа и можела да си дозволи само еден техничар, но Мојсов знаела што сака да студира: сè уште мистериозниот пептид наречен GLP-1, кој стекна светска слава и е баран од многумина, но жената која прва ја разбра неговата улога, сѐ уште се бори за признание, да засатне рамо до рамо со своите колеги клои работеле на истото поле.

На крајот Мојсов нашла свој дом во лабораторијата на Стајнман; каде остана повеќе од 20 години, до неговата смрт во 2011 година. „Секогаш мислев дека ќе продолжам понатаму, но не го сторив тоа“, вели таа.

Во меѓувреме, работата на ефектите на GLP-1 кај луѓето напредуваше, со други истражувачи во прв план. Студиите во 1990-тите предводени од Холст и Мајкл Наук, ендокринолог сега на Универзитетот Рур во Бохум, открија дека за разлика од GIP, GLP-1 може да го нормализира нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес. Други студии објавија дека кај стаорци, GLP-1 предизвикува губење на апетитот, рано навестување дека пептидот може да биде насочен кон дебелината. Во компаниите за лекови, научниците се трудеа да го надминат краткиот животен век на пептидот пред да биде деградиран од телото, на крајот наоѓајќи замени кои беа попрактични како лекови.

Мојсов се гордеела со нејзината основна работа на GLP-1 во MGH и се прашуваше дали се поднесени барања за патент. Нејзините прашања до Хабенер останаа неодговорени, вели таа. (Хабенер не се сеќава на оваа комуникација.)
Во 1996 година, таа спомнала за патентите  пред вработен во биотехнолошка компанија, кој рекол дека нејзините патенти биле одобрени години пред тоа.

Мојсов брзо пронашла два патенти од 1992 година за „фрагмент“ и „деривати“ на GLP-1 кои имале способност да поттикнат лачење на инсулин. Третиот патент ќе биде доделен во 1997 година. Сите го наведуваат Хабенер како единствен пронаоѓач. „Бев шокирана“, вели Мојсов. Таа на крајот ангажираше адвокатска фирма за да ѐ помогне да се бори за признание како сопронаоѓач.

Низ годините Хабенер, Дракер и Холст придонеле за развој на лековите за дијабетес, работејќи заеднос ос Мојсво или самостојно, а за тоа тоа биле и наградувани, но корист од патентите имал само Хабенер. 

Сите тројца доктори – Хабенер, Дракер и Холст – го потврдуваат виталниот придонес на Мојсов. „Јас сум на страната на Светлана, навистина се чувствувам сочувствително“, вели Хабенер. „Посакувам да има нешто што можам да направам“.

Овие коментари ја нервираат Мојсов. „Секако дека ќе кажат дека заслужувам повеќе признание, но потоа го земаат признанието што ми припаѓа“, вели таа. „Тие си го доделуваат сами на себе“, коментира огорчено.

По долга борба со адвокат и на суд, таа добила признанија за некои патенти, некои од подоцнежните (во 2005 година) го содржат и нејзиното име.