Светлана Бојковиќ: Нема запирање додека не го истераме „Рио Тинто“

Прочуената актерка Светлана Цеца Бојковиќ за Нова.рс изјави дека борбата против „Рио Тинто“ не е завршена и дека нема причина да се прекине протестот. Таа ги повика граѓаните денеска да се соберат за да помогнат во остварувањето на главната цел – протерувањето на „Рио Тинто“ од Србија.
Коментирајќи го денешниот протест, актерката за Нова.рс изјави дека ги поддржува најавените собири, бидејќи, како што вели, не се исполнети сите барања.
„Покрај барањата поврзани со законите (за референдум и експропријација) кои се појавија по нашиот голем протест, приказната за ‘Рио Тинто’ како да престана и веќе никој да не зборува за тоа. Нашето основно барање е компанијата и сите рудници за литиум да бидат протерани од Србија. Тоа е најголемото и основното барање, а во моментов е далеку од исполнување“, нагласи таа и додава дека нема да се откаже од протестот додека тоа не се случи.
Светлана Бојковиќ додаде дека лошите временски услови не можат да бидат изговор да не се излезе на улица.
Мислам дека секој разумен човек разбира што носи експлоатацијата на земјата и дека оваа ‘валкана’ индустрија го уништува нашето здравје и нашите животи, а да не зборуваме за природата“, изјави познатата актерка.
Денеска од 13 часот низ Србија се одржуваат еколошки протести на граѓаните. Во Белград протестниот собир ќе биде во близина на Сава Центар.