Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе се возобновува


На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство.
 
Владината прес-служба соопшти дека е дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.
 
Министерството за финансии е задолжено да обезбеди средства за негова реализација – во висина од 50 милиони денари во државниот Буџет за 2023-та и 22 милиона и 700.000 денари во Буџетот за 2024 година.