Свештеник загина откако врз него падна крст за време на миса во Еквадор


Католички свештеник загина откако врз него падна крст за време на вечерна миса во југозападниот дел на Еквадор.

Архиепископот на Гвајакил, крајбрежен град на 265 километри југозападно од главниот град Кито, го идентификуваше свештеникот како Патрисио Санчес од црквата „Перпетуо Сокоро“.

Снимките од богослужбата што се пренесувала во живо на социјалните мрежи, покажуваат како тешкиот крст се откачува од ѕидот над олтарот и го удира свештеникот по главата додека ја служи мисата.

Локалните власти засега не го коментирале инцидентот.

Санчес бил член на Конгрегацијата на Пресветиот Откупител, верски ред основан во 1732 година, што има свои претставништва во 80 земји.