Свештеници осудени за сексуално злоставување
Аргентинскиот суд осуди двајца свештеници поради сексуално злоставување деца во католичко училиште.
Судот во градот Мендоза ги осуди свештеникот Никола Коради на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбачо на 45 години затвор поради делата кои се случиле во Институтот Антонио Проволо за глуви и деца со ослабен слух на северозападот од Аргентина.
Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец на возраст од 59 години, а двајцата се уапсени во 2016. година.
Судот, исто така, го осуди и градинарот Армандо Гомез на 18 години затвор.
Нивните жртви се 10 поранешни ученици.
Коради претходно бил обвинуван за слични престапи во Институтот Антонио Проволо во Верона, во Италија, но никогаш не бил осуден.