Свекрва натепала снаа, а татко својот син


 

Во два одвоени инциденти свекрва натепала снаа во Велес, а татко си го натепал синот.

Имено, во четвртокот во 11.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода К.Д.(46) од Велес, затоа што физички ја нападнала нејзината 23-годишна снаа. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прилепчанец пак, бил приведен затоа што агресивно се однесувал кон семејството.

Во петокот, во01.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Т.(36) од Прилеп, затоа што претходно во семејниот дом се однесувал агресивно кон членовите на семејството.

Во четвртокот, во 15.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.С.(55) од Велес, затоа што физички го нападнал неговиот 26-годишен син. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.