Сведоштво од боиште во Украина: „Ние 20 – тие 200, пукавме до последен куршум“


Југозападно од градот Бахмут, украинските војници Андриј и Борисич живеат во бункер ископан во смрзнатото тло, на свеќи.

Андриј прераскажува за наизглед бескрајната размена на оган кога ги нападнале Вагнеровите борци: „Се боревме околу 10 часа непрекинато. И не беа само бранови, тоа беше непрекинато. Како да не престануваа да доаѓаат.“

Нивните пушки AK-47 толку се загреале од постојаното пукање, вечи Андриј, па морале да ги заменат: „Ги имаше околу 200 на нивна страна“.

Вагнеровиот начин на војување е да се прати првиот бран напаѓачи кој се состои главно од сирови регрути доведени директно од руските затвори. Тие малку знаат за воена тактика и слабо се опремени. Повеќето само се надеваат дека ќе може да си одат дома, а не назад во ќелијата, ако го преживеат шестмесечниот договор.

„Ќе натераа група од десетина војници да напредуваат 30 метри, а потоа ќе почнеа да копаат за да ја задржат својата позиција“, вели Андриј за Вагнер.

Следи друга група, продолжува Андриј, која напредува следните 30 метри: „Така, чекор по чекор, Вагнер се обидува да оди напред, додека во меѓувреме губи многу луѓе. Дури кога првиот бран е исцрпен или сопрен, Вагнер праќа поискусни борци, често од страна, кои се обидуваат да ги прегазат украинските положби“.

Застрашувачки и надреално

Андриј вели дека соочувањето со нападот е застрашувачко и надреално: „Нашиот митралезец речиси полуди пукајќи ко нив. Погаѓаше непреијателски војници, но тие не паѓаа. А потоа, по некое време, кога ќе искрвари, само ќе падне“.

Андриј ја споредува битката со сцена од филм за зомбија: „Се качуваат преку лешевите на своите пријатели, ги газат. Се чини дека се дрогираат пред нападот.“

Си-ен-ен не можел независно да го потврди ова тврдење. И откако првите бранови се елиминирани, нападот продолжува, откако украинските бранители ќе снемаат куршуми.

„Проблем беше што не обиколуваа и така не опколуваа. Не ги очекувавме од таа страна. Пукавме до последен куршум, ги фрливме сите бомби кои ги имавме и останавме само јас и неколку момчиња. Бевме беспомошни во таа ситуација.“

Имале среќа. Вагнеровите сили се повлекле кон крајот на денот. Извештајот на Андриј за Вагнеровиот пристап е во согласност со извештајот на украинските разузнавачки служби кои Си-ен-ен ги доби минатата недела.

Според извештајот, доколку Вагнеровите сили успеат да заземат положба, артилериска поддржка би им овозможила да копаат дупки и да го консолидираат своето напредување.

Според украинските извештаи, координацијата меѓу Вагнер и руската војска често недостасува.