Свечено отворање на новата Лабораторија за органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ


Нова Лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов.

Како што се наведува во соопштението на Деканат на Технолошко-металуршки факултет станува збор за значајна инвестиција во вредност од два милиони денари, обезбедени преку поддршка од УКИМ, Министерството за образование и наука, како и со сопствени средства на факултетот.

Новата лабораторија ќе овозможи унапредување на наставно-научната работа и создавање современи услови за едукација и истражување во областа на органската технологија.