Свечен ручек за папата Франциск во Католичката резиденција на Водно


Папата Франциск во моментот е на свечен ручек кој во негова чест го приреди скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор Киро Стојанов, во Католичката резиденцијата на Водно. По краткиот одмор, како што е предвидено според протоколот, Папата Франциск околу 16 часот ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква „Свето срце Исусово“, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Претходно, папата одржа миса на Плоштадот Македонија во Скопје , на која присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе, граѓани од земјава и странство. Тој упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога.

Папата Франциск денес заминува од Македонија во 18, 30 часот.

Фото: Б. Грданоски