„Сваровски“ ќе го намали бројот на вработени


Австрија – Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски“ денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.

Во седиштето во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот за 600.

Исто така е одлучено да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.

Како причина за овој чекор, „Сваровски“ ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи.

Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата.

Минатата година, „Сваровски“ оствари профит од 2,7 милијарди евра.