Свадба на ќерката на хрватски генерал ново жариште во Хрватска

 

На подрачјето на Задар, Хрватска, има седум новозаболени од Ковид-19, две лица се поврзани со неодамнешна венчавка, а друите се заразиле на друго место, извести Штабот за цивилна заштита на Задарската жупанија.

Како што дознава „Задарски лист“, една од зараазените е докторка во Итната помош, која присуствувала на свадбата на ќерката на генералот Младен Фузула, која се одржала минатиот петок, а на која присуствувале 300-350 луѓе, колку што максимално дозволуваат актуелните мерки.

На свадбата имало луѓе од цела Хрватска, како и припадници на Министерството за одбрана, а на никој не му е изречена мерка за самоизолација.

Од корона вирусот на свадбата досега се заразлие 23 лица, а поради намалениот број лекари во болницата во Задар стигнала помош од други болници.

„Заради заразената лекарка во самоизолација се 10 специјализанти по анесетезија и три медицински сестри, па во Задар пристигнаа лекари од друго болници“, вели директорот на болницата Жељко Чулина.

Епидемиологот д-р Алан Медиќ вели дека ако се случат уште неколку такви венчавки, ситуацијата нема да може да се контролира.

Денеска е седми ден од свадбата, па се очекува уште ден-два да се појават и други заразени од тој настан. Се стравува дека ќе има повеќе заболени затоа што има пренос и во семејствата кај луѓе кои не биле на свадбата, но некој што бил им го донесол вируспт.

Во април генералот Фузул апелираше да се почитуваат мерките

Тој тогаш објаснуваше дека улогата на Армијата во борбата против корона вирусот е многу важна. Зборуваже за почитување на мерките особено за држењето растојание.