Сузана Манчиќ главна ѕвезда на „Охрид -фест“, еве што ѝ рече на Марјана Станојковска


Сузана Манчиќ, некогашната лото девојка и најпопуларна водителка во поранешна Југославија доби специјална награда за 50 години кариера на интернационалната поп-вечер на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, која се одржа синоќа на Долни Сарај, објави „Слободен печат“.

„Ви посакувам успешна музичка, актерска и водителска кариера уште толку“, ѝ рече на Манчиќ, Марјана Станојковска, која е сегашната водителка на играта на среќа во Македонија, а го водеше фестивалот.

„И на тебе ти го посакувам истото, и уште повеќе“, ѝ рече Манчиќ на Станојковска.

Двете водителки се фотографираа зад сцената, а Манчиќ ја посоветува младата колешка да биде упорна и да ги следи своите соништа.

Уште едно изненадување на фестивалот бешеБиба Додева која по пет години живеење во Загреб, со сопругот се пресели во Охрид од каде што тој има потекло. Додева е победник на „Охрид фест“ во 2012 година со хитот „Јас и мојот бенд“ и повторно во 2019 со баладата „Како некогаш“.

Марјана Станојковска и Сузана Манчиќ / Фото: „Охрид фест“

Таа година, Биба е двојна победничка, на поп-вечерта и на интернационалната вечер. Таа настапи со песната „Ти си мојот мир“ од Владимир Дојчиновски-Дојчин.

 
 
Биба Додева / Фото: „Охрид фест“

Српскиот поп-пејач Милан Бујаковиќ е победник на интернационалната поп-вечер на фестивалот со песната „Срцето на лавот“ (Срце лава). Тој ја освои првата награда од публиката, а на фестивалската вечер беа доделени повеќе награди од публиката, стручното жири, новинарите и организаторите.

 

Како дел од ревојалните гости настапи и Ана Петановска со „Балада за ангелот“, која му е посветена на Тоше Проески. Гостинка беше и Наташа Михајловиќ, поранешната членка на групата „Фрајле“, како и Принц од Врање, минатогодишниот српски евровизиски претставник.

Со интернационалната поп-вечер заврши 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, кое традиционално носи изведувачи и автори од Македонија и регионот.

Анета Љумаковска со „Анета бенд“ е победничка на фолк-вечерта на 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, кое почна во средата во Охрид. Таа ја освои првата награда од публиката со песната „Срцево те бендиса“.

Директор на фестивалот е познатиот композитор Григор Копров, а уметнички директор на Интернационалната вечер Давор Јордановски.