Суспендирани двајца во АНБ за случајот со Онишченко


 

 

Суспензијата ќе оди преку дисциплинска комисија формирана во АНБ затоа што нивната внатрешна контрола нема избрано раководител по законски пат. Поради тие пропусти, внатрешната контрола не може да го истражува скандалот и раководителот да потпише соодветен извештај..

Директорот на АНБ, Виктор Димовски, се подготвува за амбасадор во Париз ,  а првиот обид да биде избран нов директор на АНБ бил на почетокот на октомври поради роковите во постапката за дипломатски назначувања. Било подготвено и име, но според изворите на Телма, изборот пропаднал поради коалициски проблеми. Имало тројца кандидати од АНБ, но сите се на началнички позиции во Агенцијата низ чии раце минала и безбедносната проверка на Онишченко.