Суспендиран специјалец кој си пукал на плоштадот во Кратово


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Н. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.  Пријавениот, вработен во Одделот за специјални полициски операции при МВР, на 01.08.2026, надвор од работно време, во два наврати, пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово, испукал повеќе куршуми во воздух од службениот пиштол кој го должел. Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.