Суровите Унгарки се изживуваа над Јужнокореанките – 64-0!
Ватерполистките на Унгарија остварија неверојатна победа на почетокот на Светското првенство во Јужна Кореја.
Унгарките ги понижија ривалките од Јужна Кореја со дури 64-0! Тоа се два гола по минута.
Веќе во првата четвртина резултатот беше 16-4, а Унгарките во втората беа уште понадмоќни со резултат од 18-0.
Иако многу екипи на таков резултат би сопреле од почит кон противниците, тоа не се случи во овој меч.
Тие продолжија да „газат“ и во третата четвртинна, кога постигнаа уште 16 гола, а во последната дадоа `само`14 гола.
Најефикасна беше Ребека Паркеш со 11 голови од 12 шута, а одлично ја следеше Доротиа Силаѓи, со 10 од 10.
Убедливите победи не се необични за женското ватерполо, па така истиот ден Холанѓанките ја совладаа Јужна Африка со 33:0, а САД екипата на Нов Зеланд 22:3.
Но, 64:0 звучи неверојатно.