„Суперпренесувач“ на свадба во Мејн, САД, виновен за 170 инфекции од корона и седум жртви

Гостилницата „Буг Мус“ во Мејн од каде вирост се ширеше со голема брзина (Фото: АП)

Повеќе од 100 лица се собрале на свадба во август во место кое дотогаш немало инфекции. Оттаму вирусот се проширил низ целата држава со неверојатна брзина и силина

 

Рурална црковна венчавка и прием на убав ден во сенка на планината Катахдин, без сомнение беше среќен ден. Но, оттогаш ја шири мизеријата.

Тој единствен настан на 7 август е поврзан со појава на корона вирус на најмалку уште две локации во Мејн, САД, со повеќе од 170 лица заболени од вирус и оттогаш седум смртни случаи.

Нирав Шах, директор на Центарот за контрола на болести во Мејн, рече дека еден настан има моќ да го поништи големиот напредок на државата за време на пандемијата. Вирусот може да стане „непоканет гостин на секоја венчавка, забава или настан во Мејн“, предупреди тој.

„Суперпресувачкиот“ настан започнал со присутните на свадбата во регионот Катахдин и се проширил на пошироката заедница и на еден дом за стари лица во Медисон.

Еден присутен работел во затворот во округот Јорк, оддалечен 350 километри, каде има повеќе од 70 случаи. Државата, исто така, истражува епидемија во црква во Санфорд, дом на службеничката за венчавката.

Никој од починатите всушност не присуствуваше на венчавката и приемот. Првиот од смртните случаи е пријавен во Милинокет, каде никој не бил позитивен на тестот неколку недели, рече градскиот управник во средата.

Други шест смртни случаи беа жители на центарот за рехабилитација и живеење во Медисон.

Последиците беа брзи.

Низ целата држава дојдоа проблеми за невестите и младоженците, бидејќи местата за свадби мораа да ги променат безбедносните правила за време на пандемијата.

Местото каде бил приемот ја изгуби деловната лиценца, за кратко, и ангажираше фирма за односи со јавноста. Пасторот ангажирал адвокатска фирма специјализирана за верска слобода.

Епидемијата ја смени калкулацијата на државните службеници за здравство, кои повикаа на нова будност во државата што претходно во голема мера го контролираше вирусот, рече Шах.

„Се шири во заедницата во и околу округот Јорк со извонредна сила“, рече тој.

Епицентарот бил неверојатно место. Милинокет е рурална заедница. Пред венчавката, заедницата немаше случаи на корона вирус.

Тоа се одвиваше во еден сончев ден во август со венчавка во баптистичка црква и прием во гостилницата „Биг Мус“ во Милинокет, со 4.400 жители.

Имаше 65 гости во гостилницата – со што се прекрши ограничувањето на државата за 50 лица за настани во затворено – и многу присутни не носеа маски или не беа на социјална дистанца едни од други, рекоа државните власти.

Другите гости кои не беа поврзани со венчавката го кренаа бројот на повеќе од 100.

Службеникот на свадбата, свештеникот Тод Бел од баптистичката црква, им се придружи на неколку членови од неговата конгрегација. Околу 10 негови соработници исто така имале позитивен тест за вирусот. Тој одби да зборува за Асошиејтед прес.

Бел продолжил да одржува служби во Санфорд и се нафрли на нападите насочени кон него на социјалните мрежи. Во една проповед, тој ги повика луѓето да имаат доверба во Бога над владата и ја доведе во прашање мудроста на маските, споредувајќи ја нивната ефикасност со ограда врзана со синџири, обидувајќи се да ги задржи комарците.

Веќе во проблеми, индустријата за летни свадби во Мејн ги заостри правилата, принудувајќи ги луѓето да ги скусат списоците со гости или целосно да ги откажат настаните.  (Асошиетед прес)