Супермоделот Клаудија Шифер потпиша за CAA , сака да ја менува модната идустрија


САД– Супермоделот и креативна директорка Клаудија Шифер потпиша договор за CAA

Шифер рече дека сака да работи со CAA затоа што агенцијата е посветена на притисок за промена во индустријата на манекенки. Таа се надева дека ќе работи заедно со водачот на модната група на CAA, Кристијан Карино и другите агенти за да се направат институционални промени во светот на модата.

„Барав агент кој е подготвен да ја прифати иднината, да учи од грешките во минатото и да биде совршена мешавина од бизнис и мода“, рече Шифер. „Сакам да бидам не само глас во ова движење, туку и ментор за следната генерација“.

Шифер, која исто така е и извршен продуцент, започна со манекенство во 1987 година откако беше забележана од агент за моделирање. Успехот го најде на почетокот на нејзината кариера, позирајќи за насловната страница на британскиот Вог на 19 години и стана најплатениот супермодел во светот до 21 година. Таа исто така направи кампања за „Гес“ и беше заштитно лице на Шанел.

Шифер учествуваше во рекламни кампањи за компании вклучувајќи ги Версаче, Балман, Фенди, Ралф Лорен, Пепси и Њуман Маркус. Според Гинисовата книга на рекорди, Шифер го држи рекордот за најмногу насловни страници на модните списанија, над 1000.