Супермоделот Хајди Клум пак кажа „да“ на Капри


Италија– По тајната венчавка во февруари во Италија, супермоделот Хајди Клум (46) и нејзиниот избраник, гитаристот Том Каулитц (29)  вчера направија свадба во монденското летувалиште Капри. На свадбата присуствувале и сите деца на Клум, а имало и забава на јахта.

На Том, гитаристот на бендот „Токио хотел“ ова му е втор, а на Клум трет брак.

Во 1997 година се мажеше со стилистот Рик Пипин, а бракот траеше пет години. Потоа беше во врска со Флавио Бријаторе од која има ќерка Хелен (15). Со музичарот Сил се венчаше во 2005 години и со него има три деца.

Двојката се запознала лани на Амфар гала-вечерта во Кан.