Супербактерија се шири низ Европа, отпорна на антибиотици

 

Научниците се многу загрижени поради бактеријата која е отпорна на антибиотици кои се последна линија на отпорот.

Во болниците ширум Европа се поголем проблем прави супербактеријата отпорна на антибиотици кои на болните им се даваат во итни случаи, покажува истражувањето.

Лекот кербапенемс, лекарите го препишуваат во момент кога ни еден друг лек не помага против инфекција.

Но, бактеријата клебсиела пнеумоние е отпорна на тој лек, што многу ги загрижува научниците.

Истражувачите од Институтот Сангер предупредуваат дека таа отпорност може да премине и на други бактерии.

Клебсиела пнеумоние е бактерија која живее нормално во телото. Сепак, во момент на пад на имунитетот може да се активира и да предизвика големи проблеми, како воспаление на белите дробови или менингитис.

Според лекарка од Институтот инфекциите поврзани со оваа бактерија имаат висок степен на смртност, а загрижува тоа што од 2015 година од неа умреле 2.000 луше, а ако не се преземе ништо, бројката ќе порасне.

На најголемото истражување на отпорност на бактеријата на лекот карбапенемс учествувале 224 луѓе од болници во Израел и во Ирска.

Научниците од примероците од заразените пациенти ја анализирале ДНК -та на бактеирјата и нејзиниот генетски код.

„Наодите покажаа дека болниците се клучен фактор на зараза и дека бактериите токму таму преминуваат од човек на човек“, вели докторката.

Резултатите се објавени во научниот магазин Нејчр Микробиолоџи.

Најдобар начин на борба секако е да не се заразите.

Сепак професор од Универзитетот во Фрајбург вели дека се оптимистични.

„Со добра болничка нега, која вклучува рано откривање на бактеријата и изолација на пациентот, може да спречиме ширење на бактеријата и успешно да ја контролираме“, вели тој.