Сунак, Мордант и Трас во трка за лидерското место во британската Конзервативна партија


Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак е во предност и по четвртата рунда гласање за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција.

При гласањето елиминирана е поранешната државна секретарка за родова рамноправност Кеми Бејднок.

Сунак беше поддржан од 118 пратеници, Мордант доби 92 гласа, Трас – 86, а за Бејднок се изјаснија 59.

Пратениците на Конзервативната партија утре ќе гласаат за Сунак, за шефицата на дипломатијата Лиз Трас и  за министерката за трговија Пени Мордон.

Во секој круг од гласањето се елиминира по еден кандидат кој освоил најмал број гласови.

Кога ќе останат двајца кандидати, за нов лидер на ториевците нема да одлучуваат пратениците туку сите 180.000 членови на Конзервативната партија. Името на победникот ќе биде објавено на 5 септември.

Британскиот премиер Борис Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функцијата шеф на Владата и партијата, откако повеќе од 50 членови на Владата поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу нив беше и Сунак, кој поднесе оставка два дена пред Џонсон.

Жестоката кампања за наследникот на Џонсон ги разоткри длабоките поделби во Конзервативната партија на крајот од неговото владеење.