Сухел Фазлиу одбивал да даде оставка


Досегашниот министер за локална самоуправа Сухел Фазлиу, според собраниски извори, одбивал да поднесе оставка, за да се олесни процедурата за реконструкција на владата. Фазлиу е на списокот со шестмина министри за кои премиерот Зоран Заев предлага да бидат разрешени за што e потребно да се обезбедат по 61 глас во Собранието.

Поради ова, на шестмината досегашни членови на Владата им било препорачано да поднесат оставки кои само би биле констатирани во Парламентот и би можело веднаш да се премине на точката за избор на нови министри. Попладнево оставка поднесе Садула Дураки од министер за екологија, а се очекува неговата постапка да ја следат и другите четворица министри Драган Тевдовски, Зоран Шапуриќ и Љупчо Николовски, додека Асаф Адеми се повлече уште на 6 мај.
Неизвесна останува единствено оставката на Фазлиу, чија партија НДП реагираше дека и се одзема ресорното министерство каде што сега како министер доаѓа претседателот на ЛДП и пратеник Горан Милевски. НДП има еден пратеник кој истовремено е и потпретседател на Собранието – Весел Мемеди, додека ЛДП, по заминувањето на Милевски во Владата ќе остане со 2 пратеници.