Судската служба на улица – бараат 78 отсто зголемување на плата
Судската служба го радикализира протестот преку кој бараат 78 отсто зголемување на плататите, откако денеска излегоа на улиците на Скопје. Најавија дека од утре почнуваат со штрајк, колегите од државното правобранителство, вчера протестираа обвинителството, а поради тоа што нивната работа е врзана, судиите не можат да судат.
Имано трпат или се трупаат случаите, освен оние задолжителните и неодложните.
– Повторно судската служба е на улица. На почетокот на судската ферија, само скопските судови излеговме на двочасовен протест и побаравме 78 осто зголемување на платата и враќање на додатоците на плата, како што тоа го добија функционерите. Денеска, челновите на синдикатот на УПОЗ и другите вработние, кои не се членови – рече претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.
Тој вели дека од 2.000 вработени во судовите, 1.000 се тука во Скопје и дека тоа треба да е доволна порака за надлежните…

– Од она што го бараме и да добиеме 78 отсто зголемуање на плата, никој од овие вработени нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближиме до неа. Работата во судовите е тимска. Доколку еден вработен не си ја заврши работата, судијата нема да може да донесе пресуда. Идната недела и колегите од државното правобранителство најавија штрајк. Колегите од обвинителствата вчера започнаа штрајк. Ако колегите од судовите, луѓето што се тука и почнат штрајк, ќе се парализира целото судство – нагласи тој.
Појасни дека просечната плата на судската служба изнесува 24.000 денари, што е далеку од просечната плата во државава која изнесува над 36.000 денари.
Дејаноски им порача на пратениците да помислат за што креваат рака, затоа што токму тие луѓе, што денеска се излезени на протест, се нивното гласачко тело. На министрите им порача да не ги игнорираат и да се заземат да ги заштитат овие вработени.