Судот на ЕУ го прогласи логото на „Адидас“ со три ленти за неважечко


Вториот највисокиот суд на Европската Унија во средата пресуди дека брендирањето со три ленти од „Адидас“ било неважечко како трговска марка бидејќи немало дистинктивен карактер, пренесе Ројтерс.

Генералниот суд на Европската Унија соопшти дека ја потврдил одлуката на Европската канцеларија за интелектуална сопственост (ЕУИПО) во 2016 година за поништување на претходна одлука за прифаќање на трговската марка.

Германската компанија за спортска опрема во 2014 година ја регистрираше трговската марка за облека и обувки велејќи дека се состоела од три паралелни еднакви ленти со еднаква ширина кои се применуваат на производот во која било насока.

Сепак, тоа беше оспорено од белгиската компанија „Шу брендинг Јуроп“ (Shoe Branding Europe), со која „Адидас“ е во спор долг една деценија. Судот на ЕУ донесе одлука дека двете ленти на белгиската компанија се неважечки бидејќи биле премногу слични со трговската марка на „Адидас“.

„Адидас“ требаше да покаже дека трговската марка има добиено карактеристичен карактер низ целата Европска Унија врз основа на нејзината употреба, така што потрошувачите инхерентно знаеле дека производот е од „Адидас“ и може да го разликува од производите на друга компанија.

Судот рече дека логото не е модел туку обична фигуративна марка и не било релевантно да се земат предвид специфичните намени кои вклучуваат бои. Исто така, соопшти дека „Адидас“ обезбедил докази поврзани со употребата на трговската марка во пет земји на ЕУ, но не и во целиот блок.

„Адидас“ може да поднесе жалба до Европскиот суд на правдата.