Судот ја одби жалбата на Трамп во Мичиген


САД – Изборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го загуби спорот пред судот во Мичиген, јавија британските медиуми.

Изборниот штаб на Трамп бараше да се запре преборјувањето на гласовите во оваа американска сојузна  држава, меѓутоа државниот судија на Мичиген ја отфрли жалбата

Американските медиумски куќи Фокс Њуз, Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си го прогласија Бајден за победник во Мичиген со освоени повеќе од 50,6 проценти од гласовите, додека Трамп доби 48,8, врз основа на 99 проценти од преброените гласови.